Причини

Хорека секторот го сочинуваат хотели, ресторани и кафетерии (или кетеринг компании) и претставува еден од најбрзо растечките сектори во светот, после туризмот. Најчесто го сочинуваат мали и средни компании и е многу трудоинтензивен што значи дека економскиот раст има силно влијание на вработеноста. Хотелите и рестораните се најголеми вработувачи на млади луѓе, а за време на високата сезона, се вработуваат голем број на сезонски работници како поддршка на редовниот персонал. Регрутирањето на работници во овој сектор може да биде проблематично, најмногу поради природата на одредени работни услови како што се: долго работно време, релативно ниски дневници и високо ниво на сезонска или привремена работа.

Затоа е многу важно секторот да стане попривлечен за обучените работници. Идејата на проектот е да подготви активности за обука кои ќе можат да се користат за да ги подготви компаниите и вработените за економско заздравување во насока на зголемување на вработливоста на работниците, намалување на несоодветноста во квалификациите и т.н.  

Инвестирањето во човечките ресурси и вештини (преку едукација и обуки) е признаено како еден од основните двигатели за економски раст и социјална кохезија со бројни придобивки за државите, компаниите и индивидуите.