За проектот

Проектот HoReCa4VET ќе допринесе за идентификување на потребните знаења во рамките на оние кои се идентификувани како потребни од страна на работодавачите врз база на моменталните потреби на пазарот на труд, кои можат да се стекнат преку 3 квалификации кои се дел од проектот и тоа:

  1. Креирање вкусови, декорирање на јадења
  2. Раководење со кујна
  3. Менаџмент во ХОРЕКА индустријата

Квалификациите развиени во овој проект може да ги надополнуваат вештините стекнати преку формалното и неформалното образование бидејќи се одговор на потребите на пазарот на труд идентификувани во претходно истражување. Постигнатата квалификација ќе им обезбеди на работодавачите квалификуван персонал, а на работниците ќе им овозможи да бидат повработливи на пазарот на трудот.

Добиените резултати исто така ќе претставуваат студија за вработените луѓе кои немаат потврдени квалификации. Истите можат да претставуваат почетна точка која е неопходна за отпочнување на нова кариера или унапредување.

Развиениот модел за валидација и сертификација ќе биде неопходниот материјал за развој на идни курсеви и програми за обука и ќе претставува каталог на вештини за луѓе кои сакаат да развиваат и да се стекнат со потврдени квалификации, како и со сет на вештини кои можат да бидат потврдени во неформалното образование. Целната група на проектот во главно вклучува лица кои спроведуваат или се заинтересирани за спроведување на обуки во ХоРеКа.

Дополнителна целна група која ќе ја прошири понудата на високо квалитетни можности за учење се и институциите за стручно образование, вработени во компании, вработени во институции кои се занимаваат со развој, валидација и сертификација на професионални квалификации и компетенции, секторски и локални владини организации, специјалисти за човечки ресурси, професионални и лични советници