Компаративна анализа базирана на методи и алатки кои постојат во секоја од земјите партнери за процесот на валидација и сертификација. Ова нема да биде анализа на литература. Предмет на анализата ќе биде актуелната состојба во земјите партнери базирана на тестирање на достапни материјали за обука, уредби и сл. кои се однесуваат на постоечки алатки за процесот на валидација и сертификација.
ПРЕЗЕМИ ЦЕЛОСНА ВЕРЗИЈА
ПРЕВЗЕМИ КОМПЛЕТНА СОДРЖИНА
Резултатот вклучува развој на обуки во работно опкружување, скалирање, флексибилни пристапи за учење, активни дидактички методи, модерни, иновативни методи за обучување имајќи ги во предвид спецификите на ХоРеКа. Огромен акцент ќе биде ставен на индивидуалниот пристап за обука, активните и практични методи за учење, организациски решенија и дидактички материјали.
ХоРеКа обуките се насочени кон развој на креативност и иновации.
- Методологијата за развој на курикулумот и едукативните пакети
- Програми за обука / пакети со голема можност да се постигнат потребните знаења преку далечинско учење и стационарно образование (на англиски)
- Подобрени финални програми / пакети за обуки (на англиски и на националните јазици на земјите партнери)
ПРЕВЗЕМИ
Валидацијата и сертификацијата на неформалното и информалното учење е главниот предизвик за доживотното учење и е приоритет за националните и европските политики за стручно образование и обуки, вклучувајќи ја и ХоРеКа индустријата.
ХоРеКа индустријата е сектор каде постои итна потреба за секторска рамка на квалификации во насока на моменталните случувања на европскиот пазар.
Валидација претставува низа методи, алатки кои го означуваат нивото на усвојување / совладување на материјалот од курикулумот, одредување на новото на подготвеност на кандидатот за сертификација.
Таа исто така вклучува и исполнување на барања од обучувачите и персоналот кој ќе ја изврши валидацијата како и утврдување на соодветната опрема, пресметка на трошоци и сл. и:
- методи за валидација кои се користени за да се проверат постигнатите знаења предвидени со квалификацијата, но исто така и (ако е потребно) да се определат и документираат потребните знаења;
- човечки ресурси, т.е. потребните компетенции за лицата кои ја изведуваат верификацијата;
- начинот на спроведување на валидацијата како и организациските и материјалните услови неопходни за правилна валидација.
Валидацијата може да се однесува на посебни делови од стекнатите знаења или за целата квалификација.
ПРЕВЗЕМИ IO3 & IO4
Сертификацијата е процес низ кој ученикот добива од страна на овластена институција формален документ со кој се потврдува дека постигнал одредена квалификација. Оценката за квалификациите ќе се подразбере како резултат од валидација и сертификација.
Основниот документ кој ги појаснува барањата е програмата за сертификација која ги содржи критериумите за оценување на компетенциите и сертификација на квалификациите, како и процедурите кои го сочинуваат овој процес. Затоа, проектот HoReCa4VET ќе ги опише потребните услови за сертификација, т.е. програмите за сертификација, одборот за одредување на програми, жалбената комисија, испитната комисија, институцијата за сертификација, испитувачите и нивоата на валидација, како и критериумите за полагање и други неопходни алатки.
ПРЕВЗЕМИ IO3 & IO4
Платформата ќе биде поделена на: дел за валидација и сертификација, каде корисникот ќе може да го најде курикулумот, едукативните пакети, кои ќе му овозможат да помине на следно ниво – сертификација со помош на низа тестови, игри, квизови и сл., така што ќе има алатки за проценка на стекнатите знаења од делот за валидација.
Структурата на мултимедијални материјали развиени за професионалци и работодавачи во ХоРеКа секторот ќе вклучуваат модули поделени на квалификации, вештини, знаење и социјални компетенции. Како дел од развиените ресурси и модули, бројот на вежби ќе биде зголемен поради развојот на содржини и засилување на елементите за повторување на вокабуларот и вежбите. Секој ресурс ќе вклучува содржина од пазарот на труд, местата и позициите типични за професијата и нивната опрема.
УЧЕТЕ ПЛАТФОРМА
IO6-HoReCa4VET за одржлив развој – научна публикација.
Оваа научна публикација ќе послужи за претставување на добрите практики од партнерите во проектот во рамки на работата на HoReCa4VET проектот. Нема да ги вклучува добиените интерни резултати. Ќе служи како збирка на материјали за референца претставувајќи ги стекнатите искуства на партнерите во проектот.